Брза Кучка copertina

Брза Кучка

Брза Кучка

Di: Ana Chushkova
Ascolta gratuitamente

A proposito di questo titolo

,, Добредојде во "Брза Кучка" со - Дива Мисла, поткаст кој е во во соработка и копродукција со КСП Центар Јадро. Дива избега од ланецот и подготвенa е да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња.

Во овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни гости, туку и нивните арт-доти, ќе ви го приближиме активизмот и ќе се обидеме да ги забележиме сеќавањата на хроничарите на своето време во архивите на нашите вијуги, и да го диктираме наративот на современата македонска култура.
Амбициозно? Секако. Топло ви препорачуваме порција и на вам!

. Секоја епизода е приказна за сама себе и се обидува да ги заслужи непрестаните поплаки со нудење решенија и перспективи и со читање на мапата на домашната култура, која ќе нѐ изнесе на пат кој нѐ води на место во кое се сакаме и од кое сме горди и задоволни.

Од писатели до сликари, од рапери до викари - "Брза Кучка" има њух (па и слух) за темите што се релевантни и ги истражува преку сочни разговори и несекојдневни пристапи. Опуштете се, и придружете ни се - културата овде не е само дел од разговорот туку и самото јадро.

Become a supporter of this podcast: https://www.spreaker.com/podcast/brza-kucka--5718095/support.Diva Misla
Arte Musica
  • Ана Ашталковска - Внимание, внимание! Зборува антрополог!
    Apr 19 2024
    Ана Ашталковска е редовен професор на Институтот по етнологија и антропологија на ПМФ. - Зарем има таков Институт?! Зошто е на ПМФ? - можеби се прашувате. Без гајле, трпеливата и смирена професорка ќе ви објасни се́ што не сте знаеле дека не го знаете, и не сте помислувале да го прашате, со академска темелност поради која од некоја причина ќе се чувствувате задоволни од самите себе откако ќе го чуете образложувањето. Зошто? Затоа што со вложувањето на внимание - вложувате во себе!

    Ана магистрирала на темата: „ Озборувањето како механизам за социјална контрола во народната култура на Струшки Дримкол.“ а докторирала на „ Антропологија на интимноста во македонската народна култура.“ ... - и за тоа ќе зборуваме!

    И на крај, како сите врсни професори - ни даде убава лекција по пристојност!

    Become a supporter of this podcast: https://www.spreaker.com/podcast/brza-kucka--5718095/support.
    Mostra di più Mostra meno
    1 ora e 36 min
  • Танц со Лени Гелева
    Apr 2 2024
    Дива Лига (Ана Чушкова) - водителка и основач на поткастотЛени Гелева (Наташа Гелева) - гостинка, фотографка, танцувачка, и уметница.Во оваа епизода ќе разговараме со Лени Гелева, која е отелотворување на принципот „животот како уметност“ и ентузијастичко живеење на тој живот преку геслото „танцувај како сите да те гледаат“. . Тој уникатен поглед го споделува со нас преку фотографијата, јазик преку кој најдобро ја знаеме, покрај танцувањето. Во најновата епизода зборуваме како детето Наташа стана Лени, за идентитетите, за инспирациите, за сродните души и жените херои, за клупските сцени во Скопје и Берлин и патувањата: од Лондон до македонските села..Дискусијата се фокусира на искуствата на Лени како жена уметник, нејзините инспирации и процеси на работа. Жени жени жени зборуваме зборуваме зборуваме! Да не се повторуваме?! Време е да надокнадиме! Клучни теми/поглавја: Во поткастот учествуваа Лени и Наташа, Ана и Дива Лига (можеби седна некоја Брза кучка и еден Нов Крај, кои разговараа за нивните идентитети, уметноста и женските амбиции. Разговорот се одвиваше во различни контексти, вклучувајќи детството, уметничката кариера и клупската сцена во Скопје. Значењето на разговорот се во истражувањето на идентитетот, креативноста и женските искуства во уметноста и современото општество. Разговорот се фокусираше на личните искуства и рефлексии на соговорничките, претставувајќи ги како активни учесници во уметничката и културната сцена. Важноста на разговорот е во промовирањето на различните гласови и искуства, како и во истражувањето на женските идентитети и уметничките амбиции во современото општество.01:00 - Од дете до уметник: “За почеток да продолжиме”03:09 - Лени оди во Берлин07:30 - Феминизмот и идентитетот: Феминизмот и другите жени13:11 - „Ситуации кога луѓе беа збунети дали сум женско или машко“17:33 - Носталгија за клупската сцена27:14 - Идентитет и фотографија57:44 - Соработка и амбиции01:04:04 - Домашната уметничка заедница може да научи нешто за заедништво01:12:34 - Не сум мајка и сум скроз ок со тоа: За осмомартовската колумна на Мери Јордановска.Епизодата успешно го прикажува значењето на женската уметност и нејзиниот уникатен придонес кон културната панорама. Разговорот меѓу Дива Лига и Лени Гелева е инспиративен пример за потребата од поддршка и разбирање во уметничките заедници, особено кај жените кои се занимаваат со уметност. Слушањето и признавањето на женските гласови во уметноста е круцијално за создавање на еднакво за сите, и содржајно богато општество.Повеќе за Лени и нејзината фотографија: NeuErotik.com (cargocollective.com) и на Facebook. Повеќе за епизодата: Ресурси и линкови Дива МислаКСП Центар - ЈадроBecome a supporter of this podcast: https://www.spreaker.com/podcast/brza-kucka--5718095/support.
    Mostra di più Mostra meno
    1 ora e 17 min
  • Со Јане Алтипармаков залутавме во густата шума
    Mar 14 2024
    Добредојде во "Брза Кучка" поткаст кој е овде за да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња.Плимата ги подига сите бродови! Доаѓаме! Режисерот Алтипармаков е хроничар на своето време и супкултура, па оди дотаму да се квалификува како архивар. Отворајќи ја својата филмска кариера со Гето103 тој останува на тој курс и го држи прстот на пулсот на македонската независна рок сцена и како режисер, но и како водител на Канал 103 каде се́ уште трпеливо работи. Подеднакво посветено работи и на себе, а младешката енергија на својата сродна душа Лени Гелева(која ќе ја чуеме во следната епизода) само му помага да ги одржи своите професионални и лични амбиции во живот! Во третата епизода на Брза кучка, трчаме слободно, и зборуваме за малиот Јане, и како искрата на љубопитност се претворила во креативен жар, како студиите по филозофија му помогнале во студиите по режија. Растењето во транзициската Македонија од денешен аспект може да делува како заморно и тешко, но Алтипармаков сведочи за живот во техниколор. Патриотизмот не е партиски слоган -тоа е однос кон животот околу себе. Рокументарецот The Hip - Brainstorm го бележи тоа време. Вечерта на снимањето на поткастот беа Оскарите, па си помуабетивме за најизивиканите филмови со што го затворивме муабетот, со срдечен поздрав! Во овој поткаст Јане Алтипармаков и Дива Лига (Ана Чушкова) разговараат за предизвиците и комплексноста на филмската индустрија, потребата од знаење и искуство за успешност во ова занимање, како и за различните перцепции и очекувања од филмската режија, нуди поглед во филмската индустрија и ги истакнува предизвиците и комплексноста на ова занимање. Поткастот ги истакнува предизвиците и размислувањата што ги предизвика пандемијата на COVID-19 и ги поттикнува слушателите да се фокусираат на самоусовршување, искреност и хуманост во своите животи. Се разговара за реалноста на можен нуклеарниот судир и неговите последици, како и за пропагандата и поделбата на Запад и Исток. Говорниците изразуваат страв од нуклеарен холокауст и се согласуваат дека треба да се комуницира повеќе и да се победат пропагандите. Тие заклучуваат дека потребно е да се работи на приближување и хуманост и да се надминат поделбите и егото. Во поткастот се разговара и за два филма - "Пур Тингс" и "Опенхајмер", каде што се коментира стилот на режирање и актерските улоги.1:01мин - Заразен сум со филмови од страна на мојот татко, кој беше и остана филмофил: ме носеше во Кино Карпош. 5:40 - Треба човек да има животно искуство а и некои предзнаења, за да може да се осуди да студира филмска и тв режија. 22:49 - Потсвесното вибрирање ме донесе во контакт со луѓе кои биле токму дел од тој проект - The Hip. 26:00 - За патриотизмот. 30:00 - 90-ти ривајвл кај младината значи добар прием на филмот...
    Mostra di più Mostra meno
    1 ora e 11 min
Ancora nessuna recensione